Archives for posts with tag: second life

Шведскиот Институт, тело кое блиску соработува со Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска, а работи на промотивни активности, најави дека ќе се отвара Шведска амбасада во Second Life – масивна игра на играње улоги за повеќе играчи, која се наоѓа на Интернет. Повеќе читајте и на BBC.

И додека се повеќе сериозно се земаат овие онлајн феномени, неможам а да не си помислам колку би било добро од нашата Влада да го направат истото. Таму името и нема да ни биде проблематизирано. :-)

(дополнување: според коментарот на Глиша, некој блог тврди дека имало наша амбасада – но јас не сум дошол до официјален извор)

Пред некое време, Новица ми посочи еден краток текст од Брус Стерлинг за трејдмарк прекршоци кои се случуваат во Second Life.

Темата ми се виде прилично интересна и досега кај мене се јавија две прашања:

1. Дали трудот на ликовите во Second Life е виртуелен?
Од прва, мислам дека не е. Парите секаде имаат симболичка вредност која им е доделена за да го олеснат процесот на пазарна размена. Меѓутоа тоа што е во центарот на ова прашање е дали трудот што виртуелните ликови го вложуваат е навистина виртуелен. Проблемот тука е што во рамките на таа договорена реалност, тој труд, на еден или на друг начин се вреднува. Значи, тој произведува нешто што има своја вредност која понатаму, пазарно или не, се разменува и влегува во репродукцијата на Second Life. Тоа е веројатно веродостојна перспектива, која го зема во преден план доживувањето и признавањето на договорената реалност на Second Life како меродавна. Самото играње, гледано од перспективата на овој „реалниот свет“, повторно го потврдува тоа, каде трудот (играњето) е очигледен.

2. Зошто, во свет кој е виртуелен, сеуште постојат познати брендови од „реалниот живот“?
Играњето на Second Life претпоставува креирање на лик. Тој лик е произволен а играчот ја игра улогата која тој ја сака. Најчесто, во ликовите се проектираат желбите, па играчот настојува да го прави она што во „реалниот живот“ не може. Значи кога светот е произволен, а ликовите се производ на посакуваните улоги, зошто брендовите од реалниот живот ни се доволно добри?