Најголемото богатство досега

Денес, во мојот автомобил со Дамјан пренесувавме софтвер во вредност од најмалку 2.500.000$. За што се работи?

Инет АД донираше 5000 Fedora Linux дискови на „Слободен софтвер Македонија“. Ако се земе предвид дека Windows XP чини 100$ а Microsoft Office 400$ тогаш, може да се претпостави дека цената на еден диск кој содржи оперативен систем и канцелариски пакет би чинел 500$. Бидејќи Fedora Linux содржи GNU/Linux оперативен систем, а истовремено содржи и OpenOffice.org пакет за канцелариска продуктивност, тогаш можеме да претпоставиме дека доколку вредноста на XP+MsOffice е навистина 500$, тогаш вредноста на Fedora Linux е најмалку исто толку, иако Fedora-та содржи многу повеќе од тоа.

Нормално, нашата намера не е да продаваме, туку да ги искористиме за да промовираме слободен софтвер преку донирање на овие дискови на различни организации и индивидуи. Како и да е, еве некоја перспектива колку 2.500.000$ изнесуваат. Со таа цифра може да се купи:

    1. 23.363 Linksys WRT54GL безжични рутери со линукс
    2. 68 Opel Vivaro комби возила за гикови
    3. 1827 Lenovo X61s лаптопи за хакерот во сите нас
    4. 6250 Asus EEEPC компактни 7 инчни лаптопи за да ви обрнуваат внимание на не-гиковски места
    5. 250.000 8-битни кравати за да ја ширите гиковштината и во јапи светот
    6. 14.705 бинарни рачни часовници за да само вие знаете колку е часот.

Нормално - вредноста од 500$ е претпоставена вредност. Ова е само интересен пример и весела математика за тоа колку навистина може да се заштеди само ако не се набават Мајкрософт производите. Дури и понатаму, користејќи слободен софтвер заштедувате на многу скриени трошоци кои ги носат неслободните софтверски пакети.

Општествените користи се уште поголеми, можејќи за релативно малку пари да донирате толку многу софтвер, кој е квалитетен, лесно се шири понатаму и никој не е крив ако го ископира или позајми дивидито за да му помогне на својот пријател.

Денот на слободен софтвер…

… или како научив да ја посакувам смртта на козата на комшијата…

Утре, на 15ти септември е „Ден на слободен софтвер“, па затоа, 2с.мк ќе организира настани во текот на целиот ден за да ја одбележи пригодата. За таа цел, ќе се делат дискови со слободен софтвер а заедницата на корисници се стави на располагање и ќе им овозможи на посетителите краток вовед во интересната страна од живеењето со слободниот софтвер.

Значи, во текот на денот, 2с.мк ќе го презентира слободниот софтвер од 11 до 18 часот во Магор и културниот центар Точка. Навечер, 20ч во Мала Станица ќе се проектира Good Copy Bad Copy - интересен филм за копирањето и табуата околу тоа. Можете да видите повеќе за тоа тука.

П.С Баш ми е жал што луѓето во Метаморфозис, во својата мисија да го промовираат слободниот софтвер или интернет животот во Македонија, не го следат Кајмак.от и блогосферата која пишува за технологијата и слободниот софтвер, за да знаат дека и во Македонија ќе има настани посветени на „Денот на слободниот софтвер“.

Ubuntu чучи во владиното кафе

Пред неколку дена, Владата на Република Македонија го отвори првото државно интернет кафе, каде младите и пензионерите ќе можат бесплатно да сурфаат по Интернет.

Случајно, додека читав на Вест за сторијата, ја забележав Gnome десктоп околината на екранот на компјутерот, а по кратка консултација, моите сомнежи беа потврдени - Убунту чучи на компјутерите. Еве и слика…

ѕирни го убунтуто

Убаво што во Владата сфатиле дека информатичкиот развој оди рака под рака со слободниот софтвер.

GNU GPL e kPL или kPL?

Каде k во првиот случај е капиталистичка а во вториот комунистичка…

Прашањето е: дали GNU GPL лиценцата и дел од Криејтив комонс лиценците се анти-капиталистички?

Овој муабет периодично јас и Дамјан го водиме веќе неколку години… ова е последниот апдејт:

[14:53:43] <Дамјан> ако си анти-капиталист користи NC :)

[14:54:38] не е баш тоа така
[14:54:53] имаше на неттајм една таква дискусија
[14:55:10] јас би рекол дека SA e повеќе антикапиталистичка
Read more »

денови на расчистување

Вчера и денес со полна пареа досредував стварчици околу блогот, лаптопот и десктопот.

Првата очигледна работа е новиот префериран фонт на блогов - Georgia. Знам дека е serif-ен фонт, ама некако ептен ми се допаѓа, плус го глеам дека и Wired го користат, така да мора да е кул. :-)

Си инсталирав FireStats плагин за да следам статистика на посети и слично… во последниве 24 часа гледам дека и од Венецуела ме посетуваат :-) … спамери… пробав да разработам и други виџети и додатоци ама засега ме ограничува во тоа темата, која морам да признаам - ја засакав многу поради големиот сајдбар и со нетрпение ја чекам новата верзија.

На лаптопот конечно го проработев Networkmanager, така да сеа го поедноставив поврзувањето кон жичени и безжични мрежи, убрзав бутирањето (малце…) бидејќи не пребарува мрежи при стартување, башка Knetworkmanager како фронтенд ги праи работите да изгледаат кул…

Најзначајна работа е што користејќи ги онлајн упатствата на Арч форумите и викито, успеав конечно да ги ставам во функција dbus, avahi и hal, така да сеа и тоа го прешкртав од листата на работи кои треба да се направат. Сега веќе неморам да монтирам усб стикчиња преку конзола… што и не е така добро пошто имав определена доза на мистика пред девојките ;-) Значи и десктопот сеа ќе ги објавува онлајн сервисите преку Zeroconf па домашната мрежа ќе ми биде хит… исто како хркљуш мрежата што се деси на Сподели знаење број 10.

Во меѓувреме, си го решив пробемот со лошите фонтови во корисничкиот интерфејс на Firefox користејќи прилагодено userChrome.css од Дамјан.

На лаптопот инсталирав yakuake-split што е супер замена за конзолен емулатор и сеа можам да иам без поголем проблем 4 конзоли во еден момент на екранот… а на декстопот тоа го напраив со Quadkonsole.

Последното нешто што го направив, беше што ја тргнав count опцијата од семантичкиот облак, која броеше колку постови имам од определениот таг/категорија. Иако на некои им се допаѓаше тоа, мислам дека двоцифрените броеви ќе зафаќаа премногу место.

После ова, супер ќе дојде вечерва Сподели знаење 11 каде Глиша и Чомбе ги имаат своите 15 минути слава