Слатки сништа

Еве, еден час навлезен во 15ти ноември, полека се подготвувам да го отспијам најмирниот сон во мојот живот. Веќе немам зошто да се грижам бидејќи Македонија ќе биде заштитена од евентуален нуклеарен напад (атомски с десне) - имено од Иран.

Сите оние кои не веруваа дека до овој мил ден ќе дојде - срам да им е.

Слобода за Иран! По стапките на Александар!

Киберкотле, од извори блиски до Владата, дознава дека новата кампања на „Коалицијата на Желните за Слобода“, во борбата против тероризмот ќе го носи името:

Слобода за Иран! По стапките на Александар!

Ова доаѓа како благодарност за неуморните и искрени желби на нашата република да го извојува своето место во организациите за меѓународна безбедност на Северниот Атлантик.

Република Грција вложи протест поради злоупотреба на историјата, но лидерот на „Коалицијата на Желните за Слобода“ ги упати да се жалат во „Коалицијата на Оние кои се Заебаа и сеа Нема да имаат Нафта по Ефтини Цени“.