Во Ниш ниш(то) нема да се случи

Во моментов ниш(то) не се случува на ЕТФ-то во Ниш, каде се собрани хакери од Хрватска, Србија и Македонија.

Ова стои на блогот на споделизнаење…

Во Ниш ќе се споделува знаење, ќе се разменуваат вештини и ќе се инсталира GNU/Linux на се што ќе ни дојде при рака.

Методологија: Кој не знае, прашува. Кој знае, одговара. Бројот на учесниците може да варира од еден на еден, преку еден до сите, па до сите во исто време.

Совет: За играта не се потребни само компјутери (иако никој не ни верува).

Тоа е и воедно мотото на овие собири, од кои еден веќе се случи во Сараево а Ниш е вториот домаќин. Се надевам дека Скопје или Битола ќе бидат следните.

Мене ми е жал што неможев да дојдам но тоа е…

Како тоа бива… сите ние сме веб 4.5 па веднаш се аплоудирале слики на фликр и се блогирало.

За крај… нашата весела дружина :-)
споделувачите

За нашите пријатели - разменувачите

Денес, добив мејл од Марсел со следната содржина:

alan pavicic aka aka, nenad romic aka marcell mars, dobrica pavlinusic
aka dobrica i tomislav medak aka tomi govore o hakerima i hakerdomu
veceras u emisiji “na rubu znanosti”.. brijem da je to nasa tema, a i
bez veze je propustiti priliku za preseravanje…

Нормално, одма се координиравме и заедно со Дамјан и Новица (Игор извиси пошто му ја прекинаа Анатомија за почетнике добил подобра понуда), уз наргиле се нацртавме пред кутијата што живот значи и чекавме да започне „На рубу знаности“. Инаку тоа е емисија која гледам дека прилично луѓе ја следат овде…

Гости во студио беа Марсел и Ака, дел од размјена вештина која се случува секоја недела во Загреб и е пандан на она што овде си го нарекуваме „сподели знаење“. Како што и Марсел ни најави, тема беа хакерите, па така се дискутираше на неколку значајни теми од таа област… меѓу другите неодминлива и онаа за слободниот софтвер и слободната култура. Во принцип, тоа се двете централни теми во било каква дискусија за тоа што е „хакераштво“. Ми се допадна што веднаш се направи разлика помеѓу хакери и кракери… што мислам дека е многу важно. Преку прилозите се придружија и Томи и Добрица, кои објаснуваа за кептн кранч хакот на телефонијата и пробивањето на дивиди кодовите.

hakeri-na-rubu

Според тоа што Марсел ми го има пренесено, Мишко, уредникот на „На рубу знаности“ е поддржувач на идејата за хакерите и ова не е првата емисија каде се зборува за хакери и / или гикови. Тоа што мене ми е криво е што не постои некој во Македонските медиуми кој ќе ја земе посериозно темава и ќе ја разработи така како што водителот на оваа емисија одлично го имаше направено. Од досегашното искуство кај нас, овој проблем не бил така отворено третиран, а од она што било покриено, се кратки прилози за слободниот софтвер и локализација, барем од она што јас паметам.

marcell-na-rubu

Мене темата ми е неисцрпна, баш затоа што хакерите се феномен кој не е врзан исклучиво со компјутерите. Хакерскиот поглед на свет претпоставува поинакво или критичко доживување на реалноста и методи за деконструкција или илузија која ќе ни помогне, иако тоа можеби апсурдно звучи, подобро да разбереме како ја доживуваме и конструираме реалноста. Затоа нивните интрузии во секојдневното доживување се очигледни, политички некоректни (во позитивна смисла) па и чудни.

п.с. фала на Марсел за ендорсментот на „Слободен софтвер Македонија“ носејќи ја маичката…

razmjena на знаење

Утре, заедно со Новица, Дамјан и Игор тргнуваме за Сараево на регионален собир на хакери кои го разменуваат знаењето за да си помогнат еден на друг. Овие настани се случуваат и локално, во Загреб тоа е razmjena vještina, а кај нас сподели знаење.

Јас и не сум некој хакер, но поентата на ваквите средби е да се дискутира за различни проблеми, повеќе или помалку поврзани со информационите технологии и нивниот ефект врз општеството во целина.

Интересно е и тоа што постои иницијатива за регионално дружење, на слични луѓе од различни средини, што е еден фин начин на градење мостови.

Ние засега ги знаеме хрватите, т.е двајца од нивниот табор - Марсел и Томи, но овојпат ќе запознаеме една поширока група на ентузијасти од овие простори. Сараево е одличен град за ваков настан.

Со слика и текст, идната недела…