Пред неколку месеци им пратив писмо на претставниците на Криејтив Комонс во Македонија прашувајќи ги зошто ја одбрале најрестриктивната лиценца за нивниот сајт. Сметав дека тоа е лош пример за авторите кон кои се обраќаат. Одговор никогаш не добив, а во меѓувреме проверив дека само уште Малезија ја користи истата лиценца.
Но тоа дали јас добив [...]
Вчера на Youtube се појави „Врзан“ – колку јас знам првиот македонски филм кој користи слободна лиценца. Ај нека се множат.
„Врзан“ е напишан и режиран од Горјан Милошевски, го снимаа Маја Јакимовска и Кирил Шентевски а го монтираше Тања Фиш. Опремата ја позајмија Cre8ive8 и Британскиот Совет. За глумците ќе си видите во [...]
Денес беше последниот ден на мојот ангажман во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје.
Последниве неколку години… чинам од 2004-та бев дел од тимот за истражувања на ИДСЦС кој највеќе се занимаваше со истражувања на политичкото јавно мнение. Во целото тоа време се здобив со знаења и вештини за истражувања а имав увид во најразлични [...]
Им напишав писмо на креативекоммонс.орг.мк во врска со рестриктивната кк варијана која ја користат за нивниот сајт. Еве го текстот на писмото:
Почитувани,
Следејќи ја веќе некое време дебатата која се води во рамките на Creative Commons движењето, и распределбата на нивните лиценци на повеќе рестриктивни и помалку рестриктивни, каде NonCommercial и Non Derivative варијантите се предмет [...]
За почеток: не сум дел од организацијата Слободен софтвер Македонија. Текстов го пишувам како близок набљудувач, а се сметам себеси како дел од заедницата на корисници на слободен софтвер во Македонија.
Многу џева се крена за фактот дека претставник на организацијата Слободен софтвер Македонија не присуствуваше на промоцијата на Криејтив комонс лиценците договорите кои фондацијата Метаморфозис [...]