Џева се крена за новиот туристички спот во режија на Милчо Манчевски… Мене спотот сам по себе ми се допаѓа, ама не мислам дека е корисен за туристичка промоција. Тука највеќе се согласувам со Архео, која отприлика вели дека каков и да е спотот, не постои капацитет кој би ја овозможил таквата туристичка понуда.
Тоа што [...]
Веќе фамозниот „женски фустан“ излезе дека се повикува на постоечките мачо стереотипи без притоа да ги менува.
И новата реклама на коалицијата „Сонце“, по мое мислење крие мачо светоглед.
Во деталите се крие ѓаволот, а деталите се: (1) женското е македонија / глупите граѓани а
не машкото; (2) велосипед во спална – влези/излези – радодајка; (3) сето
претходно крунисано [...]
Вчера, на СподелиКино, го гледав предавањето/презентацијата на Тео Јансен на овогодинешниот TED, насловена како „Уметност на креирање суштества“. Презентацијата зборува сама за себе, но прво што мене ми дојде на памет кога го гледав беше: Со што па ние овде во земјава се тупиме? Со името? Со историските (не)вистини?
Каде ни се идеите за иднината?