Во врска со препородениот национализам во рамките на македонската нација, честопати ја слушам тезата дека ова се фази низ кои мораме да поминеме. Овој аргумент најчесто ја има смислата на „оправдување“ на национализмот, како „состојба“ низ која мора да се помине. Дали ова треба да значи нешто во стилот „прележување заушки во детство“ незнам, ама [...]
Вуна, во својот вчерашен осврт на насловен „Против крдото“, каде пишува за тоа како „крдото“ ги доживува неподобните во Македонија, меѓу другото го цитира и Алекс Букарски. Ќе го пренесам цитатот:
„Добредојдени се и омразените комунисти, стари и млади, секакви, кои ќе ги прифатат конзервативните начела, кои ќе се откажат од лажната социјална сигурност наспроти иницијативноста [...]
Како и секој гик, така и јас често си сурфам и размислувам за следниот лаптоп. Прилично сум задоволен со сегашниот Thinkpad Z60t, но размислувам дали од септември да си купам нов.
Иако не баш во мојот ценовен ранг, еден од кандидатите, ако воопшто купувам нов лаптоп, е Lenovo Thinkpad X200s. Ако навистина ви треба добар бизнис [...]
Денес бев на првомајскиот протест кој го организираше движењето за социјална правда „Ленка“. Честитки до организаторот… настанот беше соодветен на можностите и состојбата. Имаше се што треба еден протест да има: луѓе, поворка, содржина и реквизити
Не знам од каде, неколку новинари дојдоа да побараат изјава од мене. Ги упатив на организаторите, бидејќи тие [...]