Гордан Георгиев, во својата колумна во Утрински насловена „Нашето Скопје“ (внимавај! политички маркетинг), пишува за промената на културниот живот во градот. Накратко, тоа што тој го определува како „културно урнисување“ на градот, според него во најголема мера се должи на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Иако се согласувам дека актуелната конзервативна власт во таа смисла има свој печат (кој не треба да се игнорира) и на културниот живот, сепак мислам дека одговорот треба да се бара на друго место.
Размислете. Оваа година полнолетна стана генерација која е родена во 1990тите, значи без никаква меморија на 1980тите. Не правам нормативна квалитативна разлика помеѓу периодите, туку само потсетувам на фактот дека новите генерации своите херои ги има во транзицијата. Новите вредности се поинакви, не неопходно многу полоши, но со поинакви ефекти, вкусови, потреби итн. Сите кои што читам како, во последно време, коментираат за „падот“ на културниот живот се или во своите доцни 20ти или во рани 30ти. Значи, родени најдоцна на почетокот на 80тите, во едно друго време. И повторно, не навлегувам во тоа дали тоа време било подобро, туку само потенцирам дека било поинакво и сеќавањата од тое време, за голем дел од тие генерации, биле некаков фактор во обликувањето и на културниот живот.
А инаку се сложувам со Гордан, дека на Скопје му фали Brick Lane. (иако е калдрма
Меѓутоа, тоа е маргинален проблем на културниот живот во Скопје… а на градот (и на Републиката) и требаат слободарски принципи врз база на кои ќе се креираат политиките, меѓу другите и културните. Така, негувањето на маргиналните култури нема да биде резултат на ад-хок волјата на некој добронамерен политичар, туку резултат на систем во кој тие самите лесно ќе се репродуцираат. Еден таков принцип е негување на слободни зони, во Скопје и во републиката, кои локалните власти (или државата) ќе ги дадат на користење на различни здруженија и иницијативи. Таквите локации можат да послужат како автономни или алтернативни точки каде оние кои сакаат да бидат поинакви ќе можат да си најдат свои истомисленици. Градот Пула, на пример, се откажа од огромна касарна во центарот на градот и ја подари на фолклорни друштва, невладини организации, хакери, металци и панкери. Една таква активност мислам дека би била добар почеток, за СДСМ или ДПМНЕ, таму каде што имаат влијание, да создадат потенцијал за културен плурализам кој ќе се создава „од долу“. Носталгијата е непотребна, бидејќи Скопје, за добро или лошо, никогаш нема да биде ист. Градовите се менуваат – тие така живеат.
Vo sekoj slucaj mnogu hrabri izjavi koi kje mozeme da mu gi vadime niz nos sledniot pat koga kje dojdat na vlast!
веќе може да им се вади на сдсм низ нос што ги воведоа рестрикциите за работа до полноќ (или до 1 часот)… еден од ефектите е што се концентрираше ноќниот живот во местата кои можат да си ја дозволат лиценцата… а маргиналните културни центри никогаш нема да собираат доволно пари.
Градот убав пак ќе РИКНЕ…