Враќањето на калдрмата

December 14, 2009

Граѓаните на Скопје позитивно ја примија одлуката да им се врати калдрмата на градскиот плоштад. Се разбира, откако:

    Добија брз трамвај и разработена мрежа;
    Градските власти купија 5000 велосипеди;
    Градската библиотека стана најголема на Балканот;
    Универзитетот во Скопје стана едукативен центар на регионот;
    Театрите во Скопје добија буџет да се реновираат и купат нова опрема;
    Освен во „Рамстор“, „Фросина“ и „Кинотека“, филмовите се вратија на големите платна во „Центар“, „Култура“, „Напредок“, „Бамби“…;
    Се изгради уште една концертна сала;
    Градот го реши проблемот со депониите и почна да рециклира;
    Градот почна да произведува енергија од ѓубрето што го собира;
    Престана да има огромни загуби на вода во дистрибутивниот систем до граѓаните;
    Наместо на споменици за минатото, парите ги троши на култура ориентирана кон иднината;
    .
    .
    .

Да бидам јасен – повеќе ја сакам калдрмата од плочите, ама кога штетата е веќе направена, дајте малку осет за приоритети.

posted in глупост, зелено, скопје by Миша

Follow comments via the RSS Feed | Leave a comment | Trackback URL

1 Comment to "Враќањето на калдрмата"

  1. Благој wrote:

    Па не му одговараат тие приоритети, неможат баш да исперат пари така… иначе во право си.

Leave Your Comment

 
Powered by Wordpress and MySQL. Theme by Shlomi Noach, openark.org