Поминаа веќе две недели откако се доселив во Лондон па еве редно е да напишам неколку редови за моите доживувања…
Ќе почнам со студенското прашање…
Денеска поднесов барање за одложување на крајниот рок за плаќање на сместувањето. Имено, сеуште ја чекам локалната дебитна картичка преку која можам да располагам со парите, па затоа побарав да платам подоцна. Нормално, овде никој нема да го направи тоа за тебе и за се нешто мораш сам да избуткаш (ах да – и во Лондон цело време се чека ред), но веднаш штом побарав (и пополнив формулар) луѓето од канцеларијата ми го одобрија барањето и ми рекоа дека нема да има никаков проблем.
И тогаш ми текна: универзитетот се откажува од парите што му ги должам за уште две недели, без придружна документација (предадов *само* пополнето барање во кое *јас* тврдам дека неможам да платам бидејќи немам картичка, без доказ дека фактички немам картичка). Ова во Македонија не поминува, бидејќи толку малку документација за некому да должиш пари е еквивалентна на синтагмата „на лепе очи“.
А замислете ова да се случува на УКИМ?
Тоа што ми се допаѓа тука е претпоставената доверба. Во неколку супермаркети постои т.н. self checkout систем во кој купувачот сам си ги вчитува производите што ги купува, сам ги пакува и си плаќа. Тоа значи дека продавницата претпоставува добро однесување на купувачите па системот го организира околу тој принцип. Нормално, камерите и понатаму снимаат…
Како дополнување на ова, ми се допадна кога пред десетина дена, на една пријателка и ја прифатија македонската лична карта како идентификација кога купуваше лаптоп. Ова мене ми се случило и во Сараево, но беше убаво да се види како на англичанец не му е гајле од чија држава е идентификацијата, се додека *изгледа* валидно.
Ах да… студентски попусти… и тоа со индекс а не со меѓународни студентски картички (иако има и добри шеми и со такви картички) овде функционираат, од 10% во локални пабови околу универзитетот, до позамашен попуст во локалната пиљара.
Ах да… за човек од Македонија многу е чудно како успеваат, полека но сигурно, во Лондон да интегрираат заедници од целиот свет, а ние, неколку заедници, сеуште се мачиме. Не, овде не сакам да кажам дека тука се е како што треба, но веќе вториот ден од мојот престој видов забулена жена шофер на двокатен автобус. Првата реакција ми беше – girl power! (Кога сме веќе кај двокатните автобуси – убаво изгледаат ама е тапа да се возиш во нив.)
А кога сме кај различните заедници, живеам во едно чудно маало, каде панкот не е мртов, се шетаат ноќни елфови и гоблини, металци и готичари, рапери, скејтери, рејвери… и ништо од тоа не е чудно.
(забелешка: идејата на текстов е да ги опише моите доживувања од само две недели. со тоа што го пишувам, не сакам да генерализирам, ниту да прикажам дека овде „тече мед и млеко“)

хехе, епа звучи супер. Мене ми е мука да куцам, ама можам да признаам дека цело време ми е интересно.
Mogu ti reci da ti je mnogo dobar ovaj isecak iz Two week London’s life. Ako ovako produzis mogao bi da ih sakupis u neku “Pricu o Londonu” so odzracja kon Majka Makedonija.
Jednom recju koja sve kaze “super”