Деновиве во кино Рамстор почна да се дава „Терминатор: Спасување“. Една од главните приказни е спасувањето на Кајл Рис, таткото на Џон Конор, предводникот на востанието.
Овој период исто така провеа веста дека актерот Кили е затворен во Шутка поради обвинение поврзано со дрога. На Фејсбук се развеа по обичај иницијатива да се ослободи… но некому му текнало многу подобар хак.
Приказната за спасување на Кајл Рис во „Терминатор 4“ станува приказна за спасување на Кили, бидејќи тој што преведувал скоро секаде „Кајл“ го преведува со „Кили“. Таму каде што не е „Кили“ е „Кајли“
Намерно или не, кино преводот останува долготрајно на филмската лента така да и идните генерации ќе го гледаат „спасувањето на Кили“.
Хепи хакинг!


zeroSignal wrote:
Го глеав и ја пред 10-тина дена филмот, и колективно се смееа сите во кино на глупиот превод, не само на Кили, туку и мал милион други глупости – ама ова со Кили е барем работа што може лесно да се среди. Аман, што не им дадат на тие што го преведуваат филмот, прво барем да го гледаат?
Link | June 25th, 2009 at 12:45 pm