-
1. Лентата на Кејот е само твоја лента;
2. Да се мрднеш дури и ако ти ѕвонат е грев;
3. Не ги почитувај другите што возат по лентата;
4. Ако ти се посака одеднаш да застанеш на лентата, нека биде волјата твоја;
5. Тревата постои за оние што сакаат да шетаат да одат по она малку асфалт што постои за велосипедите и ролерите;
6. Секогаш паркирај го точакот на лентата кога правиш пауза;
7. Единствен начин како да ја докажеш љубовта е да се држите со дечкото/девојката додека ролате ролери, оти било што поинаку ќе значи апокалипса за вашата врска;
8. Од целиот кеј, поздравувањето со пријателите прави го на самата лента;
9. Децата можат да научат како да возат ролери и точак *само* на лентата на кејот.