Денеска Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ не успеа да донесе заклучок со кој ќе се осуди насилството врз студентите на 28.03.2009 на Плоштадот во Скопје. Во суштина, без таква одлука, фактички Сенатот донесе одлука со која „не се осудува насилството“.
Зошто ова го тврдам?
Фактите кои се утврдени се дека:
1. Постои студентска иницијатива која одлучила да протестира. Таа иницијатива немора да е дел од формалното здружување на студентите.
2. Студентската иницијатива, како таква, е нападната од насилниците на плоштадот. Ова е клучниот аргумент зошто мора Универзитетот да се произнесе. Фактот дека повеќе не-студенти се приклучиле кон протестот е ирелевантен по ова прашање.
3. Прашањето кое се постави на Сенатот не е поврзано со содржината на протестот, или намерите на протестот, туку со актот на насилство врз студенти за време на нивен мирен протест во кој тие го искажуваат мислењето.
Значи, во услови на овие три параметри, Универзитетот не бил ставен во ситуација да одлучува за сопствената партиска припадност, туку во најмала рака да одлучи како ќе се постави по прашање кога припадници на академската заедница, како такви, се нападнати во обидот да го искажат своето мислење и правото на протест. Зборувам во најмала рака, бидејќи сметам дека Универзитетот, во поширока смисла на зборот, треба да има улога на некаков коментатор на секојдневието и тогаш кога академската заедница не е директно засегната.
Студентските застапници, вообичаено си молчат, односно зборуваат нешто што јас не го разбирам.
Го пастам пак мојот коментар од кајмакот:
Не знам колку студентите се искрени во своите намери и дали се партиски врзани на пример… и ако не се, тогаш следниот чекор треба да заземање на факултетот. Општествените поместувања настануваат од универзитите. Заебете ги партиите.