[лично]
„Христос е љубов, радост и мир“ – ако тоа е така, тогаш тоа не го мислат македонските христијани, барем не оние „побожните“ кои се собраа на плоштадот и со насилство се пресметаа со оние кои беа против изградбата на црквата на плоштадот.
„Господ ќе го уништи вашиот собир, затоа што тој е на наша страна“ (парафраза)
Ако тоа е така, тогаш не видов ангели кои ги растеруваат луѓето што не се согласуваат со вас. Напротив, видов дизелаши кои беа спремни, на една sms порака или повик, да улетаат и до крај го уништат собирот на оние кои се противат на градењето на црквата. Јас лично гледав како луѓето кои се собраа во протест против изградбата на црквата на плоштадот, откако растурени со насилство и повлечени на тревникот карши МЕПСО, беа опколени со добро позиционирани „набљудувачи“ со јакните увлечени во панталони.

[/лично]
Не навлегувам кој го организирал протестот. Очигледно е дека различни типови на луѓе се здружија да протестираат против архитектонското кич нарушување на градот мотивиран од повеќе идеолошки точки. Едно е јасно, во отсуство на современи идеи за уредување на центарот на градот (па и градот воопшто), централните и локалните власти посегаат по тоа што тие го знаат – стереотипи за „големи зданија“.
Во отсуство на една систематизирана историографија за поновото време и тотална неписменост за тоа што се случувало помеѓу историските приказни по учебниците кои завршуваат во 1945 и денешницата, идеите можат да се развијат само до ниво на големите приказни од почетокот на 20тиот век а тоа се: „народниот херој“, „ослободителната борба“ и „народното остварување и зачувување“. Затоа е и целата приказна со „хунзи“, „генетика“, „Александар Велики“, „предавници“ и сл. Во отсуство на идеи за сегашноста, тука некаде логична е и идеата за „црква на плоштад“. Да биде сето тоа иронично, целиот тој историски фетиш како да потекнува во голема мерка и од несвесноста за „сегашната историја“ – тоа што во овие времиња се случува. Тие и не се свесни дека некој нешто работел тука во изминативе повеќе од 50 години. Историјата како да им завршува со партизаните.
И сега мотивот кој е? Да се изгради ново Скопје по стар урнек? Каква е таа кич митологија?
Многу луѓе се песимисти после она што се случи денеска. Глупаво би било јас сега тука да се радувам, но тоа што можам да кажам е дека оние кои се обидоа, и успеаја да го уништат протестот денеска, фактички го направија протестот повеќе од тоа што можеше да биде само како мирен протест. Да беше ова само мирен протест, задутре сите оние, кои не беа посебно мотивирани да се противат на изградбата на црквата на плоштадот, ќе заборавеа дека таков протест воопшто се случил.
Но вака, се галванизира јавното мислење, се мобилизираат активисти и утре организациите стануваат посилни. Ако не оваа, посилна ќе биде некоја друга организација. Утре, знаејќи дека полицијата неможе да ги заштити, тие ќе научат како самите да се заштитат. Сега ќе се зборува за овој протест подолго време а за некои ќе остане ако историски датум без разлика дали е „почеток на крајот“ или „крај на почетокот“ на македонската демократија.
Ако некој мисли дека може на долг рок да го спречи слободното мислење – тој се лаже. Тоа е авторитарната замка која никако авторитарните умови да ја запамтат. Таквата политика не успева. Таквиот притисок ја контекстуализира притиснатата група по определено прашање а механизмот за самоодбрана и сензибилизација за темата само се изострува.
Но да се вратам на неколку конкретни моменти.
1. „Шиптари, шиптари…“ : Ова морам да признаам дека одамна го немав слушнато. Барем не од 2001 година. Е сега… јас не одам по фудбалски натпревари – можеби таму е тоа нормално. Но, откако првпат кога го видов ова, ми падна малку смешно по својата „анахроност“, но подоцна ме загрижи таа анахроност. А кога сум веќе кај навивачките групи, ако убаво ги разгледате видеата, ќе видите дека тоа се такви типови. Така и навиваат – спремно и во формација. А поголемиот дел од тие типови се во секое општество фашистичкиот елемент. Оние кои го следат јавното мислење и проблемите поврзани со „толпа“ веднаш ќе ја воочат директната поврзаност.
2. Наводно ќе бидат казнети оние кои го организирале протестот против градење на црква на плоштадот, а луѓето кои „спонтано“ од други градови и со знамиња се собрале немало да бидат казнети. Јас сум организирал неколку настани од кои неколку и протести и секогаш сум ги најавувал во полиција. Но ова, за жал, ќе биде лоша лекција за понатаму. Наместо да се погледне во содржината, власта имплицитно ќе ги научи групите дека не треба да ги пријавуваат протестите за да можат да се заштитат ако нешто тргне наопаку. Зошто мисли власта дека оние кои се ранливи од посилниот ова нема да го научат?
3. Тоа што го просведочив и тоа што јасно може да се види од снимките е дека полицијата малку се трудеше некого да заштити. Ова е лошо сценарио. Тоа покажува дека власта неможе да одржи ред, ниту да ги заштити граѓаните ако се доведени во опасност слободно да го искажат своето мислење. Дали тоа е намерно или не, неможам да тврдам, но да се овозможи или да не се спречи некаква „параполиција“ да ги средува неистомислениците е крајно опасно.
За крај, дали е ова конечно демократската пролет на Македонија или уште еден чекор кон авторитарно општество. Зависи дали си оптимист или песимист. Мене ми е најкомотно како циник… што би рекол Вуди Ален – за мене чашата е полуполна, ама со отров.
Тие идиоти шо во сред изборна кампања као спонтано решиле да протестираат баш тој ден , не ги видов ни нив ни нивните ментори кои само знаеја да рушат цели квартови за да направат огромни полоштади за КП митинзи , да кажат нешто за бетонските чудовишта како МНТ , Пошти , Универзитетот …. Тие знаеја да проектират и градат соцреалистични монструми како замена на црквите кои ги порушија во името на нивниот нов бог Маркс и новата библија Капитал. Ако им смета црква на плоштад , нека одат во Рим , Хамбург , Бремен , Париз,Загреб , Белград …. нека побараат да се порушат и ке осетат колку скопјаните се нежни.
@Лично2
Сакаш да кажеш дека тоа што вчера христијаните на плоштадот го направија не е поразлично од узурпацијата на „комунистите“ за време на „соцреализмот“. Па веројатно, во некоја мерка се согласувам со тебе. Тоа што е различно помеѓу „комунистите“ и „христијаните од Скопје во март2009“ е што првите не криеја дека мислат оти тие се единствените во право, а вторите кога се повикуваат на своите религиозни права, се повикуваат во име на плурализмот во едно општество и рамноправност на различноста.
А што се однесува до интернационалните примери, имам неколку коментари:
1. Тие цркви се изградени многу порано;
2. Современата држава е одделена од религијата и учеството во изградба на црквата е неумесно;
3. Тоа што е слично помеѓу Скопје денес и, еве да речеме, Рим од минатото е што малку фалеше некој да биде запален на плоштадот вчера;
4. Да се вратам на примерите: Загреб нема црква на главниот плоштад. Исто така, еден од светските главни градови – Лондон – нема црква на Трафалгар сквер. Берлин нема пред Рајхстагот. Значи има и вакви и онакви примери.
5. Како и да свртиш, тоа што не сакам е некој да ме тепа кога сакам да си го искажам своето мислење.
Овој горе пак манипулира со јавноста, или нема поим. Прво во времето на градбата на сите тие што тој ги нарекува „монструми„, овие деца не биле ни родени, или биле сосема мали, за да може да протестираат. А за Лумикс итекако се водеа расправи и дебати. Барем никој не ги уништуваше.
ктура, па така и натур бетонот е измислица на архитектурата а не на социјализмот што дотичниот може да го види ако само малку прошета низ светските метрополи. На крај од каде му таа идеја дека некој рушел за да гради плоштади за митинзи? Нашиот плоштад е разрушен од земјотресот, како и дотичната црква Елена и Костадин. Наспроти тоа, фашизмот украл (или уништил) кристални лустери, коњаници (на светски познати скулптори-да не навлегуваме сега во приказните).
Заради целосно разобличување на ваквите паушали, Соборниот храм на пр. е изграден во „ едноумието„, и тоа со помош и од државата.
[...] го креираше инцидентот. Но, да не се повторувам, еве што напишав [...]