До појавата на Ubuntu, користењето на Gnu/Linux секогаш беше поврзувано со некаква специјална вештина која корисникот треба да ја поседува за да воопшто почне со било што…
Јас лично, никогаш не сум бил некаков power user ниту за Windows ниту сум сега на Gnu/Linux, но од моето лично искуство, времето потребно да се прилагодам на новиот оперативен систем не беше долго. Нормално, тука секогаш беше/е помошта од оние кои користат слободен софтвер, но таква помош ми требала и кога сум користел Windows. Иако јас никогаш не ја купив идејата дека Gnu/Linux e реално потежок за користење, секогаш во дискусиите со луѓето преовладувало таквото мислење.
Fast-forward до 2009 година…..

Windows 98 прозорец за добредојде
Ја имав таа прилика да инсталирам Windows 98 на еден стар компјутер (Интересно ќе беше доколку можев да инсталирам Gnu/Linux, ама потребите беа поинакви). Инсталацијата траеше нешто помалку од еден час. Немав никакви проблеми, но инсталацијата на Windows 98 воопшто не е наивен процес. Најголемиот проблем беше отсуството на било каква информација како да се покрене инсталацискиот процес, откако е бутирано со ситемска/стартап дискета. Ниту има опис каде стои програмот за инсталација, ниту како да се дојде до него. За разлика од тоа, најстарата инсталација на Gnu/Linux која ја паметам беше Slackware. Добро, користеше поедноставен систем кој бутираше од самото CD, но паметам дека командите кои корисникот мораше да ги даде за да почне инсталацијата беа убаво опишани и видливи, па почетник би знаел што треба да прави.
Состојбата сега е далеку поразлична. Инсталирањето на Gnu/Linux денес и видливо е подобро ориентирано за почетници и/или оние кои сакаат на брзина да ја искликаат инсталацијата.