Енџи е најголем фраер во маалото… се шета слободно… им кажува на другите што да прават, како да мислат и кажува кој е крив за работите. Ама не сите го слушаат. Посебно не Буљо кој со јаглен напиша на еден ѕид дека Енџи е кукавица.
Откако Енџи ја собра целата своја тајфа тепачка за да го построи Буљо работите навистина се променија. Одејќи така помодрен по улица, Буљо послужи како пример за другите деца кои пишуваат со јаглен. Ама тие не почнаа да го слушаат Енџи… имињата станаа заменка, ама сите деца знаеа за кого се напишани пораките по белите ѕидови.
Tagged: censorship, politics