Џева се крена за новиот туристички спот во режија на Милчо Манчевски… Мене спотот сам по себе ми се допаѓа, ама не мислам дека е корисен за туристичка промоција. Тука највеќе се согласувам со Архео, која отприлика вели дека каков и да е спотот, не постои капацитет кој би ја овозможил таквата туристичка понуда.
Тоа што мене ми пречи се мегаломанските слогани кои ги измислуваме за туристичката промоција. Последниот – Timeless / Безвременска. Каква врска со реалноста на било кое ниво има таквиот слоган? Што значи тоа? Каква врска има тоа со туристичката понуда во државата? Како тоа не разликува од другите држави? Традиција? Сите држави имаат традиција, а ако ја немаат, почвата им има традиција. Зошто едноставно не ги земеме двата стереотипа кои владеат за нас (гостопримство и добро јадење) и сковаме туристичко мото.
Мислам… јасно ми е од каде излегло ова timeless… ама мене супер ќе ми биде денот кога ќе престанеме да мислиме дека сме некоја супер голема и битна светска приказна, и кога некој ќе предложи а друг ќе усвои дека најдобро националистично мото за убавините на нашата земја би било:
„Ако Балканот беше Синди Крафорд, Македонија ќе беше бемката“

Miladinoski wrote:
„Ако Балканот беше Синди Крафорд, Македонија ќе беше бемката“
Сепак, прашањето е која бемка? Онaa на задникот?
Link | December 25th, 2008 at 10:36 pm
Љубо wrote:
Или можеби е целиот задник – формата на републикава неодоливо потсетува на газ.
Link | December 26th, 2008 at 8:10 am
Ta4ka wrote:
Важно сме дел од убавината на балканот
Link | December 26th, 2008 at 9:33 am
hemicarot wrote:
еден дел од проблемот е што добар дел од членството на владеачката партија има сопствна визија за намената на пропагандниот материјал , кој во суштина и официјално е комерцијален и наменет е за туристичка промоција на рм во светот , а истите го доживуваат како оружје за внатрешно политичка борба
Link | December 26th, 2008 at 4:40 pm
Hibizla wrote:
Не не, ако Балканот Е Моника Белучи Македонија Е во нејзините очи. (:
Link | January 2nd, 2009 at 12:36 pm