И тоа стигна на дневен ред – новата регулатива која ќе ја ограничи продажбата на алкохол. И повторно аргументацијата која ја слушам е површна и неприкладна. Таа се базира на спречување или борба со алкохолизмот. Но не се ограничува употребата на алкохол туку местата каде може да се купи. Таквите мерки имаат најголем ефект во богатење на оние кои имаат лиценци за продажба на алкохол, а збогатувањето е правопропорционално со часовите во денот во кои некој има право да продава алкохол. Така, рестораните и кафулињата ќе прават најмногу пари, па после нив одат клубовите. Малите маркети кои продаваат алкохол за оние кои не одат во кафуле, ресторан или ноќен клуб остануваат без пазар. Супермаркетите би имале слична продажба, доколку младите не се самоорганизираат па го купуваат својот алкохол пред 19 часот. Не гледам како овие мерки воопшто ја ограничуваат употребата на алкохолот, освен што оние кои сакаат нешто да пивнат, а немаат при рака, ќе мора да отидат во кафуле, по поскапи цени. Аха… да… а што со цигарите?
Hibizla wrote:
Хе! Од школо на пиење и тоа фино ќе се залепи со втора смена па ќе гледаме алкоси во 7 и 8. Ќе се пие и на школо. Како да не залиеш, така интегрално или алгебарски збирно со другарчињата, седми час математика и посебно кога знаеш дека тоа ти е последна шанса и имаш многу непознати за вечерта.
А не се секирај за цигарите. Нема алкохол во нив, само никотин што гуши, труе, предизвикува рак, зависност, и златни заби и нокти.
Сакаат да се вадат дека ќе го убијат и седењето на клупа и собирање на млади што се алкохолизираат. А кога ќе почнеме да решаваме некои суштински идиотштини што не демнат: поздравување на шофери на сред улица, правење муабет во кола на сред булевар и верижен судир, турбо фолк дувла на убијци и Карате Кид фанови расположени да демонстрираат и демолираат, фрлање ѓубре-кеса-убиец од балкон и уште тон аномалии. И да муабетот се враќа на парите и кој ја има лиценцата.
Мора да се смисли диверзија со тетрапак, вива со шумски дестилати или сепак мора да ни пукнат повеќе петарди во свеста за како да си ги решиме сериозните проблеми.
Link | March 1st, 2008 at 2:33 pm
Владимир wrote:
Исто како што ги решија тепачките и колењата меѓу младите, со тоа што ги затворија кафичите после 24/01 часот…
Значи махери “сме“ во донесување на идиотски решенија за сериозни проблеми.
Али тоа ти е, шта чеш. 100% и ова му се сонило на Св.Грујо Популистички.
Link | March 5th, 2008 at 10:28 am