Ме тагираше Гоце
Правилата:
* земи било каква книга во непосредна близина
* отвори на 123 страница, ако има
* јасно прочитај ги првите 5 реченици кои почнуваат на страната
* следните три, после петте, вкуцај ги на блог
* наведи го насловот и авторот на делото
* тагни следни 5 блогери
„… Не можам да гарантирам дека е вистина тоа што се случи подоцна, бидејќи сите тие настани би можеле да бидат и последица од перењето на мојот мозок, но магловито се сеќавам дека ме однесоа во една просторија во која Претседателот Џералд Форд се ракуваше со мене и ме праша дали би сакал да го придружувам на неговата турнеја низ земјата и, одвреме-навреме, да пукам во него, но внимавајќи при тоа секогаш да промашувам. Рече дека тоа ќе му даде шанса да се покаже како храбар човек и дека ќе го одвлече вниманието на јавноста од некои специфични проблеми со кои не бил способен да се справи. Бидејќи бев ужасно измачен, се согласив да направам се што ќе се побара од мене…“
Вуди Ален, Нежно… навистина нежно (Лошите времиња во кои живееме) Или-или 2006
Хех! Не разбирам дали 123та или 1, 2 или 3та страница? Има и мали книжиња. Што со нив? Се дели бројкава на три, претпоставувам.
Хе хе! А според оваа книга е снимен филмот во кој му се јавуваат на Вуди на телефон и го активираат како убиец? (mind control и сл.) Не ми текнува како се вика ама исто така има одлична форшпица во која има deja vu на една девојка како влегува во куќа.
jas sakam da go imam knigo moja prasanata