Сексот, Градот и Големото разочарување
Го изгледав, не толку краткиот филм „Сексот и градот“ и можам да кажам дека е едно големо разочарување.
Не очекував дека филмот ќе биде нешто феноменално - но очекував добра забава, бидејќи сум фан на серијата. Површната замерка е дека филмот е практично неколку епизоди залапени - а не вистински филм. Истовремено - динамиката на филмот ми е некако тапа. Но мене ми пречи една многу побитна работа. Филмот е практично 2 часа и 20 минути една голема реклама и ништо повеќе.
![]()
Брендовите, модата и гламурот секогаш биле дел од серијата, но како што излезе, испаднаа попатни места на приказната… нешто што со секоја сезона стануваше се поретко. Во филмот се случува токму обратното, приказната е толку споредна во однос на product placement-от, некои делови од филмот се буквално одвоени од линијата на приказната само за да се изрекламираат производи (сцената со венчаниците е пообсцена од генгбенгот на Џасмин Сентклер). Мерцедес, Епл, дизајнери, торби, фустани, чевли - во крупен кадар - фалеше уште и цената да ја кажат.




Добро, а што очекуваше од филмот?
И што можеше да се очекува од филм кој што е продолжение (или сублимат, поправи ме ако грешам) на 94 епизоди прави блуеници (извини за блуениците, знам дека си фан, но морав да го напишам).
Можеше да се очекува нова блуеница, спакувана во целовечерно издание од 140 минути.
Ти сметале рекламите?!? Во серијата ги немало така многу?!?
Има толку многу да се каже пред да се стигне до проблемот со рекламите, кој е толку вообичаен за меинстрим продукцијата што сум зачуден што ти си зачуден.
Многу е зборено за серијата, но пак ќе напоменам.
Таква збирштина на предрасуди и стереотипи собрани на едно место, а воедно задскриени зад параванот на обратното дека всушност тие во серијата се разоткриваат и критикуваат, немам забележано до сега во историјата на Холивуд.
Па целиот серијал на “Рамбо“ и целиот лик и дело на Гебелс можат вода да и носат на серијата…
Забавна?!? Ах да, секогаш е “позабавно“ да се гледа туѓиот кревет и авантурите во него…
Според мене, проблемот со рекламите во серијата, а и во филмот, е најмалиот проблем.
Правиот проблем е со world wide импресионираноста и зашеменоста од авантурите на четирите издркани кучки… Ааргх… Не можам повеќе. Можда во наредна прилика.
Поздрав
1. Во Холивуд product placement-от не е нешто ново. Но најчесто, патеката оди вака: во филмот имам кола - Нисан сака да се рекламира - колата ќе биде Нисан.
Во „Сексот и Градот“ тоа е многу повулгарно и очигледно.
Логиката на овој филм во „Матрикс“ на пример би произвела ваква реченица:
Нео: Почекај малку Морфеус да се јавам од мојот нов, кул Нокиа телефон скроен за хакеришта од виртуелните светови со пикантен вкус на оревче.
Таквата вулгарност на маркетингот во овој филм е тоа што го разликува од повеќето други филмови, а и серијата.
А инаку, не ти ги сфаќам баш другите коментари… погледот во туѓиот кревет ти е поглед каде било, ви раскажување на било која друга приказна. Раскажување на туѓа приказна е основата на „раскажувањето“.
http://www.vanityfair.com/online/daily/2008/05/sex-and-the-cit.html
и серијата беше тиња
што се однесува до product placement-от .. очекувајте го се повеќе (remember „piracy is good“ од Mark Pesce).