Политика, принципи, прагматичност

Косово е независно - тоа сите го знаеме. Неможам да сфатам што точно косоварите добиле, но јасно ми е дека ништо нема да изгубат со тоа што сега не се дел од Србија. Еуфоријата наскоро ќе згасне, а проблемите од секојдневниот живот, како на пример невработеноста ќе испливаат на површина. Обичниот народ нема да види многу аир од државата, која ќе се повлече пред налетот на економските проблеми, како што тоа се случи во Македонија и ќе се прогласи за ненадлежна за проблематиката.

Но во овие историски времиња за косоварите, Република Македонија се наоѓа во незгодна позиција. Признавањето на Косово е нешто што го налага прагмата но не принципите на меѓународното право. Следењето на државните интереси како императив е последица на таквата пракса. Но во исто време кога косовското прашање налага практични решенија, Републиката е соочена со проблемот на името - проблем кој сакаме принципиелно да се решава наместо да го прифатиме фактот дека можеби полесно би поминале ако се викаме сосема поинаку.

Така, во потрагата по принципите, властите на Републиката остануваат изгубени во политиката.

4 Comments so far

  1. Hibizla on February 23rd, 2008

    Едно нешто не ми јасно. Не ме сфаќај погрешно. Сакам и да се информирам. Како ќе поминеме полесно ако смениме име? Дали тоа не повлекува и менување на името на народот? Веќе нема да бидеме Македонци, веќе не знам што ќе бидеме, ДРМмци итн. А промена на името исто значи и голема промена на уставот и голема можност за манипулација.
    Треба ли еднаш да стегнеме заби и да покажеме малку достоинство? Се уште не сум сигурен колку вредат НАТО и Европската Унија во однос на нашата државност и идентитет? Треба ли еднаш да одговориме на овие прашања и да расчистиме вечни проблеми што само не оставаат во вечна игра на манипулација и дискриминација? Револтиран сум и потиснат.

  2. kotle on February 23rd, 2008

    Напишав дека „можеби полесно би поминале“. Неможам да тврдам ништо, бидејќи нема доволно информации на виделина за да се извлече било каков заклучок. Но од тоа досега што го гледаме, сите наоколу порачуваат преговори а со преговори се доаѓа до компромис, а не до зачувување на името од принципи (штитени од меѓународно право).

    Тоа што е поентата на мојот пост е дека во еден момент нашите власти се однесуваат „практично“ а во друг момент „практичното“ решавање на проблемите им пречи.

    Што се однесува до достоинство, ќе бев многу посреќен ако македонските граѓани покажеа човечко достоинство и го блокираа испраќањето на војници во Ирак (спротивно на меѓународното право), наместо кусогледо да се грижат само за своето. Тука, според мене се покажува некаква вредност.

  3. Hibizla on February 23rd, 2008

    Точно. Македонските граѓани многу кусогледо постапуваа. И сега по толку лоши потези, кога се соочуваме со можно укинување на македонскиот како официјален јазик во годината на македонскиот јазик , што е иронично, не треба да реагираме. Во таа смисла прашував и тие не се грижат баш за своето. Да се грижеа ќе имаше и нормална кампања за мак јазик заедно со милион други работи со кои ја чуваат традицијата. Мене ми пречи каква било политика што ја подржува воената пресија во Ирак и каде било - кај што САД ги штитеа своите интереси. Не значи дека ако сум поставил прашање Како лесно би поминале? дека те критикувам. Повеќе прашував. А чувствата што ги изразив на крај се однесуваат на општата состојба, а не на блогов.

  4. Hibizla on February 23rd, 2008

    И од друг аспект ти го сфаќам коментарот. Не само што сами се ставаме во таква позиција туку и сакаме да водиме „задоцнети битки“. Барав и се прашував дали може да се изнајде барем некоја причина да не стави еве очигледно во една таква „битка“. Едноставно се надевам дека можеби не е толку задоцнета.

Leave a reply