Archive for January, 2008

Пиво и вино не се мешаат

Има различни луѓе… има луѓе кои сакаат пиво… има луѓе кои сакаат вино… има луѓе кои ги сакаат и двете… а има и циници кои пијат само вотка…

Пивото е како државата… може да биде дружељубиво за сите ако е добро… ако си најаден, можеш да се снајдеш со пивото… Исто како кај државите некое пиво е појако а некое е едноставно гола вода… никој не те прашува дали го разликуваш пивото од друго пиво… досега сменило многу форми, од буре во шише во пластика во лименка… како и да е…. треба да го испиеш во огромни количини за да ти се слоши…

Виното е како религијата… тајновито… не секогаш бистро… многу луѓе се прават дека се разбираат во виното, ама малкумина навистина знаат за што се работи… има обредно вино… нема обредно пиво… за да ти се слоши, треба многу помалку… барем помалку од колку што ти треба со пиво… не секој може да го пие… а за да биде дружељубиво со сите, мораш да го измешаш со вода… газирана… а виното многу тешко ја менува амбалажата и ретко кога не е во шише или буре…

Добро се знае дека вино и пиво не се мешаат… никој неможе да објасни до крај зошто… ама кога тоа ќе се случи, од луѓето извира срање… исто како кога ќе се измешаат државата и религијата.

Затоа, ако сте ја научиле лекцијата дека вино и пиво не се меша, потпишете ја петицијата против изградба на црква на плоштад (со буџетски средства). Ако не сте ја научиле лекцијата, тогаш што да правам… други се обиделе подобро да го објаснат ова… но ете… ни аналогија очигледно не помага.

Рандом (измислени) цитати

„Пред десет години во Скопје имаше бурек после полноќ, а денес мораме да се шуњаме за да најдеме симитка. Го сакам Скопје од пред дваесет години, а не денешниот град во кој повеќето млади се гладни после полноќ - изјави пратеникот од Либералната Партијата на Баничките“

„Пред десет години во Скопје имаше педесетина моралисти, а денес имаме 15.000 морализатори. Го сакам Скопје од пред дваесет години, а не денешниот пуритански град во кој повеќето млади морализираат за другите - изјави пратеникот од Партијата на Баксузот“

„Пред десет години во Скопје имаше една идеја, а денес имаме 15.000 идеи. Го сакам Скопје од пред дваесет години, а не денешниот град што личи на Амстердам во кој повеќето млади луѓе имаат идеи - изјави пратеникот од Партијата на Политичарите“