Вчера на Youtube се појави „Врзан“ – колку јас знам првиот македонски филм кој користи слободна лиценца. Ај нека се множат. ;-)

„Врзан“ е напишан и режиран од Горјан Милошевски, го снимаа Маја Јакимовска и Кирил Шентевски а го монтираше Тања Фиш. Опремата ја позајмија Cre8ive8 и Британскиот Совет. За глумците ќе си видите во каст листата на крајот на филмот.

„Врзан“ е обид да се раскаже приказна за една дилема на еден млад човек. Нема да опишувам понатаму, нити критикувам… сум учествувал во правењето – тоа не е моја работа туку на публиката.

Фактот дека е дело со слободна лиценца мене ми е исто драг. Тоа значи дека било каква копија од филмот не е акт на пиратство, туку акт на една здрава култура на споделување. Постојат и други слободи кои можете да ги прочитате во текстот на лиценцата.