На овогодинешната South by Southwest конференција, Дејвид Бирн, фронтменот на Talkin Heads, одржал предавање на тема: “Record Companies: Who Needs Them?”.

И повторно уште еден глас против DRM и актуелната политика на музичките компании за продажба на музика онлајн. Според него, иднината на музичките компании е во фокусирање кон промоција на артистите и организација на живите свирки. Доколку тоа не го прифатат, единствено што им останува е да работат со суперѕвездите. Бирн, меѓу другото посветен и на толкување на современите медиуми, тврди дека дигиталната ера ги довела материјалните трошоци за производство и дистрибуција на музика блиску до нула, и дека трошоците кои остануваат се токму оние за маркетинг.

Бирн изјавил дека без DRM и iTunes, музичките компании би биле поспремни да се справат со веб дистрибуција на музика која ги очекува во блиската иднина.