Загрижени сте поради употребата на нелегалниот софтвер?
До колку се сомневате дека соработникот, колегата или дури и поранешниот работодавач употребуваат или продаваат нелегален софтвер:
а/ искодошете ги за да ги пратат на Голи Оток;
б/ употребете го хотлајн бројот да го повикате БСА во вашиот регион или известете он-лајн.
Еве вака започнува известувањето на БСА за борбата против пиратството.
Интересно е да се постави прашањето, дали кодошите ќе бидат лустрирани, ако се докаже дека праксата на Мајкрософт и други компании, да толерираат „пиратство“, помогнала на нефер начин се здобијат со доминантна позиција на пазарот.
Во исто време, БСА се обидува да ги збуни корисниците, нарекувајќи ги алатките за проверка на легалноста на софтверот Free Software Audit Tools.
Ова е само дел од војната која пропраетари кампот ја води, обидувајќи се да го претстави слободниот софтвер како нешто нелегално.