Archive for December, 2007

Котле во Берлин

Да… отидов во Берлин за да присуствувам на 24c3 конференцијата за гикови и хакери и сите оние што сакаат да знаат нешто повеќе…

За тоа како одминува конференцијата читајте на СподелиЗнаење.

Инаку, после проблемите околу сместувањето, на „крај“ се скрасивме во еден од берлинските сквотови… а посетивме уште еден… се повеќе мислам дека живеење во комуна е добар начин како ефтино македонските ќерки и синови да станат независни од своите родители.

Инаку… јадев интересна супа со кокосово млеко, пиев неалкохолно „пиво“ од пченица а како и секој салонски - морам да кажам дека и Club - Matte ми се допаѓа.

Kein Mench ist Illegal

Vrtlog vira

by Darkwood Dub

без коментар

A Day in the Life

Нешто чачкав по Јубито за спотови, и налетав на една од омилените ми песни од The Beatles.

Зошто би можел да служи Виндоуз?

стрип за мрежа од вируси (позајмено од xkcd.com)

Позајмено од xkcd.com.

Мажите се од Марс а жените се родилки?

Од целата дискусија околу абортусот, највеќе ме нервира аргументот дека жените треба да раѓаат за да го подобрат наталитетот.

Јасно ми е дека верските зилоти постојано ќе мрчат против абортусот како грев.

Јасно ми е дека нема да можам да им понудам добра аргументација на некои хуманисти кои го гледаат абортусот надвор од општествениот контекст, туку само како акт на уништување на живот. Но не секој би можел во ова општество во кое живееме да му обезбеди на своето идно дете пристоен живот (животот станува се поскап) а ниту институциите на општествена нега не се на минимум потребното ниво за да добро ги негуваат децата без родители. Затоа е потребно правото на избор да биде загарантирано затоа што не смее жената да биде принудена да биде родител тогаш кога не може или тогаш кога не сака. Таквата принуда најчесто најлошо ќе испадне по детето. Но, тука секогаш треба да се додаде и дека абортусот не е најдобриот метод на контрацепција и никогаш не треба да биде примарен.

А за да не дојде до несакана бременост, многу е поважно во училиштата да се има сексуално образование наместо парите да се трошат на учење за верата. Таму, жените ќе бидат ставени во уште полоша ситуација. И понатаму извор на знаењето за сексуалниот живот ќе биде непосредното искуство, наместо да се вклучи социјална и медицинска компонента, а дополнително веронауката ќе ги „учи“ младите девојки за нивното место во светот, каде меѓу малкуте улоги на жената е и нивната „приплодна функција“. Можам да си замислам во каква позиција ќе бидат девојките, наполнети со идеи за гревот а во ситуација кога не ја посакувале својата бременост.

Но да се вратам на родилките и националниот наталитет… ова секогаш ме вади од такт. Тука се сумирани сите шовинистички идеи за машката доминација и „вистинското“ место на жените како мајки родилки на нацијата, чија функција не излегува подалеку од прагот на семејната куќа.

„Како да не ни умира нацијата ако жените не сакаат да раѓаат?“

Тоа е истиот ментален склоп од каде потекнува идејата дека најголемата победа во една војна е силувањето и затруднувањето на жените на непријателот - потсвесната идеја дека така најдлабоко се уништува националниот капацитет на спротивставената страна. Оваа идеја девастираше илјадници човечки животи во многу војни, а најблиску ни се граѓанските војни од Балканот во 90тите.

Се плашам од вакви идеи и сметам дека е сериозен општествен проблем доколку такви идеи станат доминантен дел од „општественото размислување“.

Што се однесува до потребата од наталитет, мислам дека човештвото и онака е прекубројно и лошо делува по екосистемот. Оние жени кои се загрижени за намалениот наталитет можат слободно да се потрудат да родат 10 деца наместо да ги тераат другите тоа да го прават, а мажите истомисленици можат да побараат начин како и тие да почнат да раѓаат.