Сенки
За разлика од „Превртено“, „Сенки“ ми се допадна. Откако го изгледав филмот нешто не ми даваше да кажам дека филмот ми се допаѓа. Уште на излезот од киното знаев дека глумата на двата главни актери (пред се Лазар) е слаба, за разлика од интерпретацијата на сите останати. Можеби се работи само за вкус па други нема да се согласат со мене околу тоа, но јас видов дури и технички пропусти (гледање во камера; предвремена реакција) што не знам како му одминале на Милчо. Но и покрај ова, после неколку дена размислување се определив да им раскажувам на луѓето дека филмот е добар… можеби не најдоброто што Манчевски го снимил… ниту дека е маестрален… но филмот е навистина добар. Зошто?
Приказната е повеќе од „прогонот“ што неколку мртовци му го прават на Лазар со цел да им ги закопа коските. Ова е пак, на некој начин, транзициска приказна (а можеби јас сум трениран да ги наоѓам таму и каде што ги нема) … разбуричкани приказни од минатото кои се бреме на новата генерација и од чие „разбуричкување“ носителите на транзицијата профитирале. Се додека е откопано, минатото стои помеѓу тебе и сонцето па ти го гледаш како сенка.
(се извинувам за патосов) Интересно е што Милчо нема негативен однос кон минатото, затоа нема сеништа туку сенки, но сепак прикажува дека е подобро ако е закопано, со што се согласувам.
Тоа што гледам дека се провлекува низ разговорите околу „Сенки“ е темата за сексот и смртта како табу, која пак била носечка идеја на филмот. Можеби е тоа така, но на различни места гледам поврзувања помеѓу приказната за смртта и сексот и приказната за транзицијата. Во филмот авторот не постеќа на заборавени, умрени места и активности, кои не се сеќавам дека сме ги доживеале како умирање.
Веќе слушнав за дискусии предизвикани од шокот (и негодување) кој некои го доживеале гледајќи толку секс во филм од Македонија. Ова, фактички и не е толку точно - сексот редовно бил пропратна карактеристика на кинематографиите од овие простори, но дефинитивно „Сенки“ тоа го прави на поинаков начин и директно се занимава со темата. Се согласувам со Милчо дека сексот и смртта се табу во Македонија, за нив се зборува на многу чуден начин а „Сенки“ ќе има улога во демистификација на тие сфери од животот. Така, од повеќето спорадични приказни поврзани со темите на „Сенки“ морам да ја споменам љубовната приказна помеѓу Лазар и Менка - отелотворување на идејата за мортификација на предметот на желбата, па кога ја препознав, како Жижекијанец многу се возбудив.
Што би рекол Славој - Само мртва жена е добра жена.
Филмот е многу прецизен. Не постои кадар кој е залудно употребен, ниту пак кадар кој не е приказна сама по себе. Симболи, предмети, клучеви за големата сложувалка можете да видите насекаде низ филмот. Тоа што мене ми е интригантно се референците кон самиот Милчо, кон самиот филм, но и кон урбаниот живот во Скопје, тоа што било и тоа што е сега. Сето ова има врска со основните идеи на приказната.
За крај: доколку можеш филмот да го раскажеш за Movie a minute, па и со неколку реченици изгледа интересно, тогаш веројатно е дека филмот е добар и треба да се гледа. Мислам дека „Сенки“ спаѓа во таков тип на филмови.




Интересно, интересно… Се она што ми го наведе како причина заради која не ти се допаѓаше филмот еден ден по гледањето сега го ставаш како контрааргумент … Дали тоа сведочи за техниката на Милчо за конструирање импресии во фази, или за први симптоми nа шизофренија? :)))
Мене ми се допадна Сенки. И ако во првите денови чувствував некаква обврска да го правдам моето мислење и да објаснувам зошто ми се допаѓа филмот, сега веќе интимно уживам во сеќавањата на одредени кадри, одредени симболи, одредени аспекти од третирањето на приказната (иако поминав и низ неколку тешки кошмари). Во секој нов муабет или размислување за филмот си откривам по некои нови симболи и значења, и воопшто не ми е битно дали ги мислел авторот или јас ги создавам - како поклоник на теоријата на рецепција.
Еве сега, на пример, додека го читав твојот пост, ми падна во очи нешто многу интересно - зошто Милчо одбрал такво име за главниот женски лик?
Освен првото ниво на толкување - дека се работи за старо, архаично име кое временски ја легитимира приказната и ја прави плаузибилна, има и други моменти. Коренот на името Менка е од зборот промена, (про)менува, што од него прави ознака за транзитивната состојба која е носечка во филмот, односно име не само на лик туку и на концепт.
А освен тоа, Менка се римува со сенка
Тотално погрешно си ме разбрала. Мојата дилема неколку часа после гледање на филмот беше - дали лошата глума на главниот актер е доволна за да може да се каже дека филмот не е добар. Неколку дена размислување после тоа, и во разговор со други луѓе се одлучив дека може да се помине преку тоа.
Хм, од каде да почнам? Oh,well… Ајде ќе идам наназад.
Дали лошата глума на главниот (мада јас не би го посочил само главниот, туку и пошироко) актер е доволна за да се каже дека филмот не е добар? Па добро не дека не е добар, туку дека не е доволно добар. Не е доволно добар, колку што може филм на Милчо да е добар. Мене лоша глума не ми смета, само при анимирани филмови и при спотови. При играни филмови и театарски претстави и те како ми смета.
Не знам зошто, но никој не ја спомна прикаската за Егејците. Која воопшто не ниту површна, ниту занемарлива. Милчо на еден мајсторски начин во сите (три) филма прикажува по еден битен момент, период, од историјата и постоењето на Македонскиот народ. Така беше во “Пред дождот“, така беше и во “Прашина“, така е и во “Сенки“. Тој со неговите филмови и пораки во нив, буквално шамара се околу нас и подалеку од нас. Затоа го ценам многу. Што не се плаши да ја каже вистината, а воедно тоа го прави мајсторски како секој голем уметник.
Коментарите што некои ги дале околу сексот, во најмала рака ми се смешни. Тука мора прсти да вмешала локалната парохија на Адвентистичката црква. :)))
Заклучок? Филмот е добар, но за мене му е најслаб од сите досегашни. Зошто? Па поради глумата. И не отстапувам од тоа. А зошто го споредувам со претходните 2 филма? Па со кои други Македонски филмови да го споредувам? Со бљувотините на Теона/Лабина и остали Петковци и Станковци. Најлогично ми е да го споредувам со претходните негови филмови.
Пак ќе кажам, добар е, но не колку што може да биде добар.
Guten nacht, mein liebe Freund.
Сенки треба да се гледа но има премногу слаби точки за да се нарече добар филм. Има добри страни. Сега за сега накратко: Ако ги земеме сите оние секвенци со многу статисти или сцените од секојдневието со автентично доловени случки тогаш ќе добиеме еден документарец за кој може да се каже дека е добар. Утре ќе кажам каде запнува филмот ама сега ќе кажам дека овие секвенци за кои зборувам се во функција и во филмот и се одлична слика за животот на живите, за живот воопшто, лето, луѓе кои ги преплавуваат улиците и населбите ако ме сфаќаш што сакам да кажам а ме сфаќаш и нема да тупам повеќе. Значи ќе пишам… Јо!
Еј, аман - глумата, па глумата! Не е тоа единствена оска околу која се создава впечаток за филм… Никој не рече дека Пред дождот дека е лош заради тоа што Лабина е срање!
Котле, да, малку обратно сум те разбрала. Како и да е, факт е дека не се најсјајна глумата ама дури и во текот на филмот јас одлучив тоа да го надминам.
Прво, без непотребна нервоза и извичници.
Второ, сум се фатил за глумата. Од три елементи што ми го прават филмот добар (глума, фотографија, прича), еден да не ми чини, не ми е добар филмот. Важна ми е, како не ми е важна. Да не ми беше важна, ќе си гледав цртани.
Трето, од каде па сега Лабина во “Пред дождот“ срање? Ова е аргумент ради инат или… Овде освен бабата, која што со својата појава (а не глума) чинеше, кој друг чинеше?
Четврто, па што знам. Нема четврто.
@Владимир
Па сите останати беа добри во интерпретација. Сабина Ајрула (Вера Перкова) и Диме Илиев (Игњат Перков) одглумија одлично - посебно Сабина, која беше противтежата на херојот.
Петар Мирчевски за кој мислам дека е еден од најдобрите актери во Македонија имаше многу чуден (тежок) лик за толкување и мислам дека одлично го изигра.
Салаетин Билал исто така одлично го одглуми Герасим, кој пак е значаен дел од приказната. Штом го видов него, знаев дека ќе биде добар.
Владимир Јачев - очекувано добро.
Јордан Симонов, Нино Леви и останатите во позадина одлично се уклопија.
Единствено чудна ми беше во глумата Весна Станојевска и тука неможам да се определам дали беше добра или лоша. Мислам дека најлошо одглуми актерката која ја глумеше жената на Лазар, дури и полошо од Борче одглуми, ама не ја споменав досега.
Ок, за Петар (ако мислиш на типот со клинците во нозете, не ми замерај не ги знам по име) можам да се сложам донекаде.
Останатите не ме бендисаа. Али еве, да не кажете дека сум екстремист и што знам друго, тоа е мое лично мислење и причина зошто нема да кажам за филмот дека е одличен.
Не се работи само за страшни падови и несоодветни реакции на двата главни лика Малку ми е тешко да поминам низ двата главни лика и да кажам проаѓа. Се работи и за неприличност што се заснова на сценариото. Кога Герасим му вика на Борче „Арен ко кур(или компир)варен“ не знам точно или „И јас сакам да сум како неа бе брат (или да сум со неа, сеедно) ама не постојам“ е смешно, неприлично смешно за еден Егеец што живеел пред не знам колку време и носи голема мака и му ги нема коските во гробот. Луѓе па не знам, се надевам дека би се сложиле дека е тоа серизона судбина со сериозен проблем и пристап а компир варен што не постои. Потоа Борче онака, откако преживеал навистина стресни ситуации, гази под палката на Милчо на збунетост ала „Алиса во земјата на чудата“ или рамнодушност од типот „Да земам црвена или зелена папка. Е па ај портокалова!“ и него цело време и се повеќе го мачи проблемот на мртвите и неговите внатрешни кризи му вика на тато „Тато? Да не си украл ти нешто? а тато „Се крало, се крало и оште ќе се краде… Сите елементи ги земаме, не можам да поминам низ нешто од кое зависи развој на цело дејствие.
Потоа гледаме незасновано драматични ситуации од типот: Мама му мава аперкат на синот, а синот Прајд зафат и мама бап на земја. Зошто толку и значат тие коски? Треба да си многу силно мотивиран за да се тепаш со син за тие коски. Ниту ладниот израз на лицето и желбата за пари не ја вадат за таква крвничка пресметка.
Потоа го крателе филмот (1 сат е скинат) па гледаш некаде чудно лепени кадри. Иако има страшно фини монтажни секвенци ама тоа се како спотчиња поврзани во едно некомпактно дело. Па да не беа тие спотчињата и тешко би ги намамиле гледачите до крајот ама тие треба целина да дадат.
Петар Мирчевски го реферира својот монолог за да се добие на време. Како навиен: „Духови господине бала бла бал бла Како да чита од списание напис за народни верувања.
Идејата е интересна, не ми пречат Егејци, секс, идеализирање на љубовта и пополнување на недостатокот од љубов со нешто непостоечко, не ми пречи целата идеја ама луѓе сценариото и режијата се нишаат на конец кон кујзнае каде.
Има контрапунктови што е супер ама да се стави контрапункт по секоја цена од типот Екстра витам ц
Здрав живот на кутијата што ја носи Борче пред да ги остави коските во еден толку битен момент. Или цел филм ќе си играм со животот и смрта или ќе дозирам онаму каде нема влијание и ќе го правам сериозно. Опасно е хибрид да се прави.
Ќе повторам дека секвенците од секојдневието и воајеризмот на Лаки се највпечатливиот филмски елемент на Милчо во Сенки. Јо!
@ Hibizla
Зошто мора кинематографијата од Македонија да биде оперирана од хумор? Прво, нигде не вика дека Герасим е Егеец… но дури и да е, кога си „мртва душа која е заробена во ничија земја помеѓу светот на живите и светот на мртвите“ сигурно е дека етничката припадност и историјата на твојот народ нема да ти бидат први фактори кои ќе го образуваат твоето однесување. Повеќедимензионалноста на приказната изискува ликовите со себе да носат повеќе приказни, некои смешни некои трагични. Ако сакаш еднодимензионалност, тогаш да, „скрб и утеха“ ликовите за кои зборуваш дека се потребни отсуствуваат од приказнава.
Мајката - двете основни причини зошто постои во приказната се токму тие: таа ги откопала коските; таа ја има улогата на патер фамилијас, ја воспоставува власта и го одржува редот. Улогата на ликот е да ја зачува таа состојба, без тоа, ликот е непотребен. Зошто би го имале? Ако веќе си барал симболика со Егејците, зошто не го гледаш конфликтот помеѓу мајката и синот како симбол. Сепак се работи за раскопувачи на гробови и јунак кој сака да ги победи.
Како знаеш колку саати требало да трае? Пак се зезнуваш со мешање на најавите за филмот и самиот филм. Дефинитивно ќе го гледам уште еднаш, ама вака од прва не паметам дека имало чудно лепени кадри, па и толку многу за да се каже дека воопшто е компромитирано филмското раскажување.
И за Петар Мирчевски си паднал во замка. Си се запрашал кој е ликот што го толкува? Зошто така зборува? Со кого така зборува? Зошто така се однесува?
Што се однесува до љубовта, баш мислам дека таа во овој филм не се идеализира. Баш обратното, таа се става во контекст на современа дискусија за изворите на љубовта и желбата. Дури и наивното читање, неуспешните брачни врски и „заљубувањето“ во непостоечка жена требало да те наведе дека нема никаква идеализација.
Ова со контрапунктовите не те разбирам. Стручна спика ми фураш а за мене тоа е ко фенеструм на спациотемпоралниот континуум. Ако мислиш на фузија на спротивностите или комични интермеца, пак не се согласувам. Можеме долго да спориме, но двосмисленоста на живеењето е плодна појдовна точка за таков двосмилен - хибриден пристап. Лесно е да се напише црно бел текст.
Едноставно не е стручно. Гледај шпанските или латино нумери како се лепат кога Герасим го држи детето а преживува една мрачна состојба и спореди со екстра витамин Ц на кутијата на крај па види што се лепи а што не.
Повеќеслојноста не треба да се избегне ја не знам што читаш од тоа што ти пишувам ама вака. Герасим е Егеец и тоа се кажува. Не те сфаќам. И мене тоа не ми пречи дури ни фактот што има политичка конотација ама смешно е некој да ми повторува информација дека не постои и дека бил ко компир варен или дека… гледај Миша едноставно не личи. Не викам дека треба Бууу! да прави ама да тресе тешки зелени уште помалку.
Поарно да не збори и онака со бабата се постигнува ефект не треба милион пати да се повтори информацијата. Е тоа е Скрб и утеха сине. Во битова драма се повторуваат стварите, темите, идеите итн. а во овој филм има такви елементи.
Дај те молам пушти ги тие ствари со еднодимензионалноста и гледај. Сега да не треба да учам дека кај Милчо има повеќе линии. Има како што имало во Прашина, Пред дождот. Ама овде лута филмот.
Филмот е кратен. Ми кажаа луѓе што работеле и други.
Не мора да се земе како идеализација ама е непостоечка и тој не добива љубов од жената и му фали и тоа се сведува на еден општ брачен проблем. Сакав да кажам дека тој сака да го надополни тој недостаток преку Менка и што сега тоа ми го вадиш кога не беше некој проблем во дебатава. Ех…
Значи ако се постигнува повеќедимензионалноста со реплики Кур варен и не постојам леле мамо што треба да кажам. Каква сила во репликите? Каква повеќедимензионалност!
Каква замка? Ајде за тоа. Кој е ликот? Зошто така се однесува? А бе за изговор ти зборам. Реферира ко војниче. Петар глуми ама режиран е турбо, провидно инструментално.
Што треба да кажам? Тешко е да се склопи преполн хибрид. Зошто вака зборуваш? Што е сега? Само остави го проблемот со повеќедимензионалноста и еднодимензионалноста. Нити барам еднодимензионалност нити го критикувам дека е повеќедимензионаност и на тебе повеќе од јасно ти е дека збориме за реализација и слики кои треба една целина да дадат. Тоа се повеќе дејствија (може со разни значења и слоеви).
Патер фамилијас е уникат во филмов! Многу е просто. Една мајка која сака да држи под контрола и сепак се грижи за синот никој не ми објаснува зошто се тепа со синот за коски и зошто толку и значат. Нема мотив за тоа во филмот, никаде го нема. Низ тоа не се проаѓа туку така. Ако нема природност на реакција, ако имам мака со некого да ја идентификувам? Што е таа? Горила? Гризли? Патер фамилијас не е мотив тоа е улога. Елементите на битова драма ги има во филмов. Повторување на теми и идеи е најупотребувана. Врати го она што не е твое! Нема време! Ќе заврши времето! Да не имаш украдено нешто? Тоа се класика максими кои одамна ги користел и чичко Чернодрински кога пишувал битови драми. Не ги земај работите лично. Дај најреално и најискрено зборувам. Не те напаѓам на суд ама не можам да се сложам со рамнодушност кон големи пропусти што чинат филм. Јо!
И не реков дека треба хуморот да оперира. Реков дека или ќе доминира комична линија или ќе се стави онаму каде се лепи и природно паѓа. Не сум рекол дека контрепункт е комично интермецо не мора да има врска со комика има врска со различна емоција, тон или брзина помеѓу песна и дејствие. Најпросто ти е на спот, ако е песната бавна тогаш спотот, односно дејствијата во спотот се брзи или обратно. Тука Герасим седи со детето осамен во своето незадоволство и слуша некое брзо латино а на крај е контрапукт на реквизит со целиот сет или дејствие за кој и ти зборам дека Монтипајтоновски но во филмов виси и штрчи.
Што знам на премиера добро глумеа. Да на пуштаат од истрошената лента за другите претстави?