Пред неколку дена, пред поширока публика беше обелоденет “Orion”, квантниот компјутер на D-Wave. За тие што сакаат да дознаат повеќе за квантните компјутери, подготвив два линка, првиот до сторијата на Реџистер а другиот до Википедија. Но, тоа што ме заинтригира и натера да го напишам постот е името на главниот инжињер (CT = chief technical officer). Тој се вика Џорди. Што сакаат нека кажат, но коинциденцијата е премногу голема за да биде неточна. Џорди Ла Форџ е главниот инжињер на Ентерпрајз. Иако главна задача е да ги истражуваат чудните нови светови, од извори блиски до министерството за информатичка технологија дознаваме дека се случил упад во континуумот на време-простор и Џорди бил испратен назад во времето да му помогне на човештвото во развојот на квантните компјутери, кои во иднината ќе бидат повеќе од потребни. Патрик Стјуарт не беше достапен за коментар.