Бравос
Пред неколку месеци им пратив писмо на претставниците на Криејтив Комонс во Македонија прашувајќи ги зошто ја одбрале најрестриктивната лиценца за нивниот сајт. Сметав дека тоа е лош пример за авторите кон кои се обраќаат. Одговор никогаш не добив, а во меѓувреме проверив дека само уште Малезија ја користи истата лиценца.
Но тоа дали јас добив одговор е помалку важно, тоа што е значајно дека лиценцата е променета. Не знам кога точно се случило - јас го видов тоа денес. Новата лиценца е најмалку рестриктивна, односно највеќе слободна од сите лиценци од палетата на Криејтив Комонс.
Честитки до Метаморфозис.




Never, never underestimate the power of one voice…
Одлично!
Само колку да видат неверниците, дека секогаш вреди да се проба. Еден глас, ама вреден.
Буљашки сменето без „Наведи извор“.