GNU GPL e kPL или kPL?

Каде k во првиот случај е капиталистичка а во вториот комунистичка…

Прашањето е: дали GNU GPL лиценцата и дел од Криејтив комонс лиценците се анти-капиталистички?

Овој муабет периодично јас и Дамјан го водиме веќе неколку години… ова е последниот апдејт:

[14:53:43] <Дамјан> ако си анти-капиталист користи NC :)

[14:54:38] не е баш тоа така
[14:54:53] имаше на неттајм една таква дискусија
[14:55:10] јас би рекол дека SA e повеќе антикапиталистичка

[14:55:25] <Дамјан> не се слагам

[14:55:40] <Дамјан> GPL е SA и си е перфектно капиталистичка

[14:55:54] ор соу ју тинк

[14:55:58] <Дамјан> - во насока на осигурување на слободен пазар

[14:56:08] <Дамјан> - и во насока на давам - даваш

[14:56:11] слободен пазар не е еднакво на капитализам
[14:56:50] слободен пазар е место каде понудата и побарувачката се сретнуваат без „видливата“ рака на „пазарот“

[14:56:56] <Дамјан> не е… ок…тогаш … SA/GPL обезбедува функционирање на капитализам :)

[14:57:18] тоа е поточен став
[14:58:31] меѓутоа SA/GPL можат да функционираат и во комунизам и во анархија
[14:58:39] т.е тоа е едно исто

[14:59:02] <Дамјан> не знам… во комунизам има копирајт?

[14:59:15] <Дамјан> или во анархија ??

[15:00:09] анархија = комунизам
[15:00:26] зависи само дали носиш црно или црвено знаме :-)
[15:00:41] во комунизам нема сопственост

[15:01:07] <Дамјан> копирајт не е сопственост енивеј

[15:01:26] <Дамјан> никогаш не бил

[15:03:04] епа… авторството постоело
[15:03:11] и ќе постои

[15:03:35] <Дамјан> нарочно реков копирајт == законски режим

[15:03:40] иако се промовирал непознатиот автор повеќе
[15:03:53] па сеа
[15:04:03] во режимите кои постоеле
[15:04:15] постоел законскиот режим
[15:05:17] дали во замислите за комунизам постои копирајт - тоа не знам
[15:05:27] веројатно авторот како таков би бил признаен
[15:05:34] сопственоста - не

[15:07:04] <Дамјан> therefore GPL/SA не функционираат … бидејќи не се потребни

[15:07:54] затоа што нивниот дух е преточен во практиките на тие замислени режими
[15:08:22] ај…
[15:08:50] пак нема да се согласуваме пошто ти ми глумиш сеа некој конзервативец капиталиста
[15:08:59] а уствари си комуњар у душа
[15:09:03] ;-)

[15:10:19] <Дамјан> можеби сум комуњар у душа … ама мислам дека тие идеали само може да се воспостават во капиталистички систем

[15:10:36] <Дамјан> со тоа што денес системот не е таков, баш

[15:10:48] <Дамјан> повеќе е корпоративистички

[15:11:08] сум дискутирал на темава и со други луѓе
[15:11:40] левичарската критика на кк/гпл е дека помагаат на капитализмот учествувајќи во него

[15:12:01] <Дамјан> ха … шупци

[15:12:11] добро де
[15:12:15] не со тие зборови
[15:12:21] како што ти објасни
[15:12:35] [14:56:56] <Дамјан> не е… ок…тогаш … SA/GPL обезбедува функционирање на капитализам :)
[15:13:06] е ова е нивниот став
[15:13:18] јас не се спротивставувам на тоа, пошто е евидентно
[15:13:51] пр. Сан си најде нов бизнис модел и сеа ќе ја користи заедницата за да со нејзина помош ги развива своите продукти
[15:13:59] симплифицирано кажано

[15:14:22] <Дамјан> знаеш што е проблемот

[15:14:43] ајде?

[15:14:58] <Дамјан> in theory there’s no difference between theory and practice .. but in practice there is

[15:15:26] <Дамјан> левичарите кои ти ги спомна не мислат дека еден капиталистичи систем може да биде фер

[15:15:49] и јас сум таков

[15:15:53] <Дамјан> само за тоа што е така направен

[15:16:12] <Дамјан> ја мислам дека може … само треба да му се скршат забите

[15:16:29] 200 години никој не му ги сршил забите
[15:16:45] а претходно никој не му ги скршил забите на феудализмот

[15:16:51] <Дамјан> не е баш доволно тоа

[15:16:52] туку го сменил со капитализам
[15:17:08] претходно феудализмот го сменил робовладетелството
[15:17:23] а не е дека некој му ги скршил забите на робовладетелството
[15:17:36] историски детерминизам.. тејк ит ор лив ит ;-)

[15:17:41] <Дамјан> не знам … мислам дека денес имаме предуслови да направиме фер капитализам

[15:18:05] <Дамјан> … јес да на крај пак ќе зависи од луѓето … без кои никаков *систем* нема да ти успее енивеј

[15:18:21] тоа е така
[15:18:44] тоа е и проблемот со револуцијата… човековата спремност или неспремност да направи разлика
[15:19:06] како и да е…
[15:23:03] тоа што цело време сакам да го кажам е дека не-капиталистичкото во гпл е оставањето на софтверот во „сопственост“ на заедницата (корисниците).

доколку утре има револуција… мајкрософт (на пр.) не треба да се грижат дека некој ќе треба да ги национализира нивните средства за производство (и рекурзивно нивните продукти) пошто веќе заедницата/народот има свои средства (гну, линукс… ) …
[15:24:16] може да го објавам логов од четот?

[15:24:36] <Дамјан> може … јес да ќе треба да го средиш некако :)

No Comments

Leave a reply