Archive for April, 2007

Зошто скара за Први мај?

Како и за осми март - кога активизмот и борбата за подобрување на работничките права и почитување на трудот изостанува во текот на целата година, дволично е било што да се празнува на овој ден. Да го парафразирам Офчарот, уште 100 години ќе го славиме први мај изгледа.

Луѓето кои го слават овој празник кај нас се малкумина. Организациите кои се активни (мали неформални групи на комунисти и анархисти) сигурно ќе приредат нешто, барем за себе. Браво за нив, но жал ми е што на нивната активност нема да има голем одзив.

Ако треба да го прославувам сам Први мај како денот на трудот, подобро ќе одберам да се инфилтрирам на нечија скара и раскажам збор два за тоа што значи овој ден.

Нешто смрди во македонското работничко движење… упс… тоа е од првомајското гравче…

Стоп! Затвори ги очите!

Проблемот на современата демократија и слободна култура и живеење се одлучувачи кои живеат надвор од реалноста со половични погледи на свет.

Денес, од Ротари клубот во Скопје биле промовирани неколку спотови кои ќе се емитуваат пред определени програмски содржини кои ќе ги предупредуваат малолетниците кои содржини се соодветни за нив. Тоа во светот и не е нешто ново, но ете, стигна и кај нас. Нормално, пуританскиот Совет за радиодифузија со отворени раце ја пречека иницијативата од „елитните“ Ротаријанци.

Но, интересно е како се опишува ситуацијата во македонскиот етер. Канал 5, од каде ова го дознав, го опишува ова на следниот начин:

Секојдневно сме сведоци на дневни програми емитувани на телевизија, исполнети со насилство и порнографија. На удар на таквите програми е токму малолетната популација.

Јас претходно пишував дека насилството постои во голема количина во македонскиот медиумски простор. Дебатливо е како треба да се справуваме со насилството како слика во текот на развојот на малолетниците и воопшто луѓето.

Меѓутоа, од каде порнографија секојдневно на македонските медиуми. Порнографија најелементарно би се дефинирала како „содржина која цели кон сексуално возбудување“. Сигурен сум дека во очите на просечниот малолетник во пубертет, многу работи можат да му бидат возбудливи, но исто така мислам дека општеството не може секаква голотија или еротика да дефинира и подреди на порнографија.

Така, не ми е јасно каде ја гледаат новинарите, Советот за радиодифузија и Ротаријанците порнографијата по македонските медиуми. Таа, напротив е изрично забранета на сите јавни медиумски мрежи вклучително и кабелските. Значи, единствен начин како обичен малолетник да гледа порнографија на телевизија е ако дома има сателитска програма. Тоа, мора да се признае е простор кој семејството го уредува. Значи, што се однесува до „порнографија“, целата оваа кампања е неоснована, бидејќи, според постоечката регулатива - никогаш нема да биде емитувана.

Што е тогаш целта на оваа кампања?

По мене, овие политики имаат тенденција да го поедноставуваат светот и нудат прилично штура слика, оневозможувајќи алтернативни погледи. Честопати, една приказна се раскажува преку насилство и секс. Тоа се фактите на секојдневното живеење, а потребно е да се зборува за нив во текот на социјализацијата на младите. Отсега, општеството тие приказни ќе ги обележува како несоодветни, а тоа е врата која честопати ќе помага промоција на мејнстрим поглед на свет и ќе оневозможува алтернативни и честопати критични погледи на реалноста која не опкружува.

Еве една компарација. Во прва година средно, малолетниците се соочуваат со „Пеколот“ од Данте Алигери. Ако се оддалечите од општата прифатеност на оваа книга, ќе сфатите дека е тоа грозоморна слика за кралството на Ѓаволот, исполнето со убијци и блудници, издајници и неверници. Сликите што ги пее Данте се честопати и вознемирувачки. Меѓутоа, таа критика која поетот ни ја нуди, останала запишана како едно од најголемите достигнувања во светската книжевност, па ние им ја нудиме на нашите малолетници за да можат да изведат некоја поука од стиховите на Алигери.

Но, што би се случило со „Очи ширум затворени“ од Стенли Кјубрик. Несомнено, филмот е одличен и прифатен. Но како ќе го обележи Советот за радио дифузија. Во САД тој бил обележен со R што ако не се лажам, значи дека не смеат да го гледаат малолетници. Така, додека филмот поставува неколку интригантни прашања за кои вреди сите ние да се замислиме, а во некоја крајна мерка ја критикува сексуалноста, пуританското општество не ја сака таа критика а филмот го чита како „секс сцени и користење дрога“.

И пак си го поставувам прашањето. Јас постојано очекувам, кога на кабелска ги гледам тие телоп-предупредувања, да го видам црното знакче, кое ќе го најави порничот. Напротив, што помала рестрикција тоа ми се помали очекувањата за добар филм.

Дополнување:

Еден од промоторите на оваа кампања и политика е режисерот Александар Поповски. Се надевам дека тој ќе се противи кога малолетници ќе отидат да гледаат некоја од неговите претстави кои вклучуваат секс и насилство или дека барем ќе стави еден постер каде ќе ги предупреди децата.

Зелен блог?

Пред некој ден, сурфајќи на административниот панел на хостингот што јас и неколку пријатели го купивме, гледам дека провајдерот станал карбон неутрален. Јупи! Па така денес, на Earth Day решив да изблогирам неколку реда за ова.

За почеток, мало објаснување: Да се биде карбон неутрален значи да се има нето емисија на јаглерод диоксид еднаква на нула, или преку сопствени активности, или преку провајдери, кои најчесто инвестираат во апсорпција на овој гас (најпопуларно е садење зеленило во тропските краеви) со што „се неутрализира“ вашата емисија. Повеќе, читај википедија.

Нормално, во духот на фалање, нудат икони за вгнездување по хостираните сајтови што ќе им помогне на и на нивните клиенти да се чувствуваат подобро. Така и јас, како и секој просечен „его манијак“ тргнав да вгнездам едно симпатично копче одма до фајрфокс копчето на мојот сајдбар. Но…

Read more »

котле фм

Пред некое време, се регистрирав на last.fm. Накратко, овој сервис нуди можност да ги делиш информациите за тоа која музика ја слушаш; проверува што слушаат другите што ги слушале истите песни па преку социјално вмрежување „го генерира твојот музички вкус“.

Откако last.fm „те сфатил“, води евиденција за твоите омилени песни, бендови, скоро свирени песни и сл. Нуди можност за најразлични дата фидови по овие критериуми… но тоа што највеќе ми се свиѓа - генерира твое радио. Конечно, после некое време слушање и аплоуд на инфо за тоа што слушам, last.fm го изгенерира и моето радио.

Единствено што се мислам, е дали да го ембедувам постојано во сајдбарот…

денови на расчистување

Вчера и денес со полна пареа досредував стварчици околу блогот, лаптопот и десктопот.

Првата очигледна работа е новиот префериран фонт на блогов - Georgia. Знам дека е serif-ен фонт, ама некако ептен ми се допаѓа, плус го глеам дека и Wired го користат, така да мора да е кул. :-)

Си инсталирав FireStats плагин за да следам статистика на посети и слично… во последниве 24 часа гледам дека и од Венецуела ме посетуваат :-) … спамери… пробав да разработам и други виџети и додатоци ама засега ме ограничува во тоа темата, која морам да признаам - ја засакав многу поради големиот сајдбар и со нетрпение ја чекам новата верзија.

На лаптопот конечно го проработев Networkmanager, така да сеа го поедноставив поврзувањето кон жичени и безжични мрежи, убрзав бутирањето (малце…) бидејќи не пребарува мрежи при стартување, башка Knetworkmanager како фронтенд ги праи работите да изгледаат кул…

Најзначајна работа е што користејќи ги онлајн упатствата на Арч форумите и викито, успеав конечно да ги ставам во функција dbus, avahi и hal, така да сеа и тоа го прешкртав од листата на работи кои треба да се направат. Сега веќе неморам да монтирам усб стикчиња преку конзола… што и не е така добро пошто имав определена доза на мистика пред девојките ;-) Значи и десктопот сеа ќе ги објавува онлајн сервисите преку Zeroconf па домашната мрежа ќе ми биде хит… исто како хркљуш мрежата што се деси на Сподели знаење број 10.

Во меѓувреме, си го решив пробемот со лошите фонтови во корисничкиот интерфејс на Firefox користејќи прилагодено userChrome.css од Дамјан.

На лаптопот инсталирав yakuake-split што е супер замена за конзолен емулатор и сеа можам да иам без поголем проблем 4 конзоли во еден момент на екранот… а на декстопот тоа го напраив со Quadkonsole.

Последното нешто што го направив, беше што ја тргнав count опцијата од семантичкиот облак, која броеше колку постови имам од определениот таг/категорија. Иако на некои им се допаѓаше тоа, мислам дека двоцифрените броеви ќе зафаќаа премногу место.

После ова, супер ќе дојде вечерва Сподели знаење 11 каде Глиша и Чомбе ги имаат своите 15 минути слава

Next Page »