Archive for March, 2007

видри ли се, што ли се

Ама многу се слатки

извадок од утрински муабет

Еден мал исечок од утрински чет со една пријателка…

[10:01:22] <mspop> како си ти иначе… се смирија работите на работа
[10:01:46] <Сашка> па го предадовме тендерот, сега сме поопуштени, со секојдневна работа
[10:01:48] <Сашка> ок е
[10:01:49] <Сашка> ти?

[10:02:23] <mspop> јас… па ок сум, мада би ми било боље да сум на елесди
[10:02:46] <Сашка> зш?
[10:02:58] <Сашка> возбуден си заради марија?
[10:03:00] <Сашка> :-)))))

Read more »

re: Респект Коља

Последниот, и краток, пост на Дамјан упатува на интересна колумна на Никола Гелевски, попознат како Коља. :-)

Нема да раскажувам за што пишува, текстот треба да се прочита, но во рамки на неговите тези, линкам до книгата „Слободна култура“ на Лоренс Лесиг од која Коља превзема интересен пример за алтернативен пристап во образованието.

Ако ви се брза, „Слободна култура“ можете да ја превземете директно од тука.

фестивал, лаги и фискални сметки

Уште од почетокот на Скопски филмски фестивал, се одлучив дека ќе одам на „Препарирање“. Утринава, прописно си ги купив картите, за мене и моите пријатели. Се беше во ред.

Случајно, пред 20тина минути, со Дамјан и Игор поминавме од Милениум за да купиме карти за друг филм, кога го видовме натписот „Филмот од 22ч е откажан“. Прашавме на шалтерот за што се работи, и тие ни кажаа дека филмот воопшто нема да се дава. Побаравме да ни ги вратат парите…

Како да им побаравме литро крв. Прво пробаа да не убедат дека можеме да гледаме било кој друг филм, а после пробаа да ни објаснат дека бидејќи издале фискална сметка, не можат да враќаат пари. Да не беше ерудицијата на Игор, кој одма врати дека баш фискалните можат да се сторнираат, оваа манипулација може и ќе им успееше. После кратко натегање, парите за карти ни ги вратија.

Во приказнава не е проблем шалтерската служба, туку повеќегодишната пракса на Скопски филмски фестивал да продава карти за филмови кои не е сигурно дека ќе бидат прикажани, без претходно да развие политика на враќање на парите. Тоа е за жал, еден од трејдмарците на СФФ…

кино бонтон

Вчера бев да го гледам The Fountain и пак се повтори старата идиотштина на Скопскиот филмски фестивал. Филмот почнува, а вратата е уште отворена. Тоа значи дека влегува светлина, директно на платното со што се уништува дел од доживувањето. Вратата е отворена бидејќи луѓето доцнат без трошка совест.

За да биде приказната уште полоша, една мала група на оние кои доцнат, упорно сакаше да си седне на своите места откако филмот веќе почнал. Ама интересно е што, случајно, кога купував карти за филмот, забележав дека една девојка од групата „доцначи“ има акредитација. Значи човек, кој на еден или друг начин добил акредитација на филмски фестивал, веројатно има, или треба да има, поголема поврзаност со филмската уметност или културата на градот.

Епа сеа замислете си, како стојат работите, кога еден таков човек, од кој се бара барем основно познавање на бонтон во кино сала, доцни и пробува да си седне на своето притоа сметајќи му на цел ред позади на мира да го гледа филмот.

Next Page »